македонски - GIAS | Vsebina

|||||||||||
email
home
basket
GIA-S d.o.o.GIA-S d.o.o.
Zaporne, varnostne armature
Regulatorji brez pomožne energije
Ogrevanje, prezračevanje, klima
Industrijske in procesne armature
Prenosniki toplote
Cevi, spojke, kompenzatorji
Toplotne postaje
>> Napredno iskanje
search
content_listEnglish & international
Posreduj prijateljem
E-poštni naslov prijatelja:
Vaš e-poštni naslov:
Pošlji
infoPri nas spoštujemo zasebnost! Vpisanih e-poštnih naslovov ne bomo uporabili ali posredovali.

македонски

Друштвото ГИА-С индустриска опрема, д. о. о. (GIA-S industrijska oprema, d. o. o.), е создадено во 1996 година. Почетните дејности на друштвото беа советување, продажба и сервис на регулационо-процесната опрема и технолошка опрема за бензиска техника на признатите светски произведувачи на подрачјето на Словенија и пошироко во регионот. Имено, друштвото во овие години од своето постоење се развиваше, ги следеше развојните трендови и се приспособуваше кон новите предизвици на пазарот со цел развивање, негување и одржување на искрени и долгорочни односи со своите купувачи. Освен квалитетна опрема, ГИА-С д.о.о. денес нуди советување, планирање и инженерски услуги за следење за соодветен избор, вградување и работење на справите од продажниот асортиман. Широкиот обем на знање стекнато преку успешно изведените проекти во различни подрачја е поддржан со современа информациска технологија и се акумулира во колективот на друштвото во кое тимски соработуваат високооспособени, универзитетски машински, економски, компјутерски и електроинженери. Додатната едукација, креативниот пристап и висококвалитетните производи ни овозможуваат изведба на иновативни технички решенија што нам и на нашите бизнис партнери ни гарантираат конкурентна предност и успешно работење.

 

Нашето мото гласи: GIAFLEX идеи за ваш успех!

 

Продажната стоковна марка GIAFLEX нуди:

 

- арматури со вентил-пеперутка и регулациски системи за загревање, климатизација и проветрување,

- регулациски, вентилни и управувачки прави за сложени процеси,

- регулациски системи без помошна енергија,

- наменски системи за пареа и термичко масло,

- топлински изменувачи-пренесувачи за HVAC и индустриски медиуми,

- топлински станици, станици за ладење, станици за STV вода за далечинско загревање и ладење,

- системи за мерење при следење на проток, ниво и количество,

- управувачки системи и електронски регулатори за управување на индустриските процеси,

- флексибилни цевки, спојни елементи и опрема за логистика на хемиските медиуми,

- регулатори на загревање, сензори, термостати и сензори за оптимално управување со енергија,

- справи за одржување на притисок, експанзија, проветрување и хемиска подготовка на водаи

- справи за контрола на сигурноста на резервоарите.

 

Додатната програма GIAFLEX опфаќа развој, производство, инженеринг и изведба за следниве производи:

 

- топлинска станица за далечинско загревање,

- станица за ладење за далечинско ладење,

- топлинска станица за подготовка на санитарната топла вода,

- справа за дезинфекција на санитарна топла вода (легионела),

- биомасна куќна топлинска додатна станица,

- мултифункциска справа за одржување на пристисок, проветрување, експанзија и подготовка на вода,

- справа за мерење и надзор на сигурноста на медиумот во резервоарот,

- компјутерски надзор, управување и пресметка на потрошената енергија во енергетиката,

- BMS-CNS SCADA систем за надзор за деловно-станбени згради,

- IT програмска опрема за далечински надзор на справите и на системите за загревање преку интернет,

- VAX-GSM/GPRS меѓусклоп за алармирање, вклучување и телеметрија преку мобилната мрежа,

- WEBIXY справа за надзор на регулација преку интернет,

- EYXXX програмска опрема за управување со енергија преку андроид и и-ос справи и

- BI-FLEX програмска опрема за оптимизација на енергетски процеси.

 

За своите системи и производи ГИА-С, д. о. о., нуди советување при планирањето, изборот, вградувањето и функционирањето:

 

- на проектантите, проектните и инженеринг друштва,

- на инвеститорите и сопствениците на индустриски погони,

- на технолозите во процесите на производство,

- на произведувачите и конструктори на машини и справи,

- на дистрибутерите и управувачи на мрежите на далечинско загревање и ладење,

- на сопствениците, управителите на деловно-станбените згради и на индивидуалните згради,

- на концесионерите, општините за изведба на далечинското загревање со користење на биосмеса (DOLB) и

- на управувачите на енергетските справи за разделување, оптимизација и пресметка на потрошената енергија.

 

Целиот асортиман на производи и услуги GIAFLEX целосно се заокружува со документираниот процес што може да се следи, а тоа на купувачот му гарантира оптимално и чесно враќање на инвестицијата (ROI). Сервисните услуги и услугите на одржување (во рамките на гаранцискиот рок и надвор од тие рамки) ги гарантираме постојано, за цело време на користењето на производот, со помош на сопствената сервисна служба и мрежа на стручно усовршени сервисни партнери. А тоа е гаранција за долг животен век и безбедно работење на системот.

 

 

Контакт

македонски
E-poštni naslov:

Geslo:
Vstopi

© GIA-S d.o.o., Industrijska cesta 5, 1290 Grosuplje | T: +386 1 7865 300 | F: +386 1 7863 568 | E: info@gia.si |

 

Računalniška izvedba BuyITC d.o.o.